Од идната недела во болницата во Гевгелија ќе се прават брзи ПЦР тестови за Грците да се вратат во казината и во стоматолошките ординации каде што се многу чести пациенти.
Гевгелиските бизнисмени на средбата со вицепремиерот за економија Фатмир Бетиќи и министерот за здравство Венко Филипче им се пожалија дека трпат огромни загуби од отсуството на грчки државјани кои биле спремни и да платат изработка на ПЦР тест во земјава.
Заеднички се согласивме дека треба да се надгради дел од лабораторискиот капацитет на гевгелиската општа болница и ќе ставиме приоритет во решавањето на тој проблем. Верувам дека следната недела ќе биде решен со цел да се направи уште еден чекор напред кон олеснување на протокот на граѓани низ границата, пред се на граѓани од Грција“, изјави министерот за здравство Венко Филипче
Градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков кажа дека услужната дејност во Гевгелија бележи негативни финансиски резултати бидејки најголемиот дел од капацитетите биле ориентирани кон грчките државјани, кои по воведувањето на задолжителни негативни ПЦР тестови при враќање од Македонија воопшто и не доаѓат во Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.