Пред два дена се потпишал договорот за набавка на алкохолни дезинфициенси и тие денеска ќе почнат да се дитрибуираат во основните и во средните училишта ширум државата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Набавката на заштитни материјали е во тек, ќе се спроведе евалуација на понудите, додека дезифиционите средства после потпишувањето на договорот пред два дена, веќе денеска ќе започне да се дистрибуираат во училиштата ширум државата. Сите институции се на ниво на задачата и во целост се придржуваат до утврдените протоколи, рече Филипче на прес-конференцијата.
Нови земји во коишто е проширен вирусот се Андора, Латвија и Португалија. Во Србија, Косово и Албанија нема регистрирани пациенти. Во Грција има уште еден пациент заболен од корона вирус. Сега се вкупно 8, од кои 4 се во Солун, 4 во Атина.
Препораката за неодржување на масовни јавни собири важи до 6 март. Ќе ги евалуираме сите работи, сите податоци. Веројатно во текот на утрешниот ден попладнето или рано наутро во петок ќе излеземе со нова препорака, согласно најновите информации со состојбата не само кај нас, туку и во земјите од регионот, изјави Филипче.
Останува апелот до граѓаните, да се придржуваат до мерките за заштита и превенција од корона вирусот.
Доколку нешто не е итно и неодложно да не се патува во ризичните региони, заради тоа што тоа е најважна мерка со којашто се грижиме за здравјето на нас самите, на нашите блиски и генерално на сите граѓани во државата, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.