Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „Локално“ најави дека оваа години ќе има 60 илјади вакцини против сезонски грип. За лани беа набавени вкупно 28.000 вакцини, кои се бесплатни и наменети се за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници. Дополнително, Центрите за јавно здравје лани набавија 21.000 комерцијални вакцини, а цената за нив е 650 денари.
Дополнително како што споменав интензивно работиме на обезбедување на вакцини за Ковид-19, а оваа година ќе имаме и 60 илјади вакцини против сезонски грип, двојно повеќе од тоа што сме имале претходните години. Протоколи и мерки за заштита се подготвени за речиси сите активности. Будно се следи секојдневно состојбата со Ковид-19. Подготвени сме за сите можни сценарија. Сметам дека сме добро организирани, подготовките за на есен напредуваат според предвидениот план и динамика.
Се разбира клучно е да се почитуваат сите мерки за заштита од страна на сите граѓани, да се почитуваат протоколите од страна на сите економски оператори и да се санкционира секое непочитување, кое придонесува за ширење на вирусот, изјави Филиче во интервју за „Локално“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.