Кривата за ширење на вирусот кај нас покажува дека во земјава 10 луѓе заразуваат околу 10 други луѓе, рече министерот Венко Филипче во денешното интервју за „Дојче веле“.

Тој одговарајќи на прашањето дали е можно да се планира кога би се одржале избори во земјава, појасни дека тоа ќе важи од развојот на ситуацијата во иднина меѓу што и од движењето на кривата.

„Во ниту еден момент кога ги димензиониравме мерките, не размислувавме на изборите затоа што здравјето е врвен приоритет на кој сме фокусирани. Сега зборуваме и за тоа дека не знаеме во кој момент ќе бидат попуштени овие рестриктивни мерки. Затоа ја следиме ситуацијата, ја анализираме кривата на пациенти. Ние имаме една крива ‘ер-нула’. Во светот на епидемиолошката наука тоа се вика колку пациенти на колку пациенти во околината го пренесуваат вирусот. Засега имаме задоволителна бројка, околу 1,1 нешто под 1,1, што значи дека 10 луѓе заразуваат 10 односно нешто помалку од 11 други што е бројка која нашиот здравствен систем може да ја амортизира и да ја изменаџира. Тоа е целта, затоа сме целосно фокусирани на тоа, како ќе биде попуштањето на мерките ќе зависи од сите овие анализи натаму, а согласно тоа и од спроведувањето на другите активности во државата, вели Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.