Првата пациентка со коронавирус во Македонија која рано утринава допатувала во Македонија од Италија, каде што била еден месец на гости, патувала со комбе.

Пациентката, со оглед дека две недели била болна, периодот на инкубација поминал и не претставува опасност да ја пренесе болеста, но сепак ќе бидат тестирани сите лица кои биле во комбето со неа, со кое се транспортирале од Италија. Ќе стапиме во контакт со сите и лицата ќе бидат ставени во 14-дневна изолација, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Жена на 50-годишна возраст, која еден месец била во посета на Италија, е првиот случај на заразен од коронавирусот во Македонија.

Министерот Филипче побара од газдите на фирмите кои имаат работници кои патувале во Италија, да им дозволат да не доаѓаат на работа туку да работат од дома во период од 14 дена, колку што трае периодот на инкубација.

Филипче и епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, апелираа до граѓаните дека нема место за паника, еден заболен пациент од коронавирусот не претставува опасност за сите други граѓани. Тие апелираа граѓаните да се придржуваат на мерките за заштита кои ги објави Министерството за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.