Министерот за здравство д-р Венко Филипче потврди дека ќе се вакцинира со вакцина за Ковид 19 во денешното гостување во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител. Филипче упати апел до граѓаните дека станува збор за безбедна вакцина, а со вакцинацијата ќе се подигне имунитетот на населението насекаде во светот и животот ќе се врати во нормала.
Aпсолутно да, ќе се вакцинирам. Да покажам и да докажам дека треба да се вакцинираат луѓето. Вакцините се сигурни ние го пратевме нивниот процес на развој и сите фази од клиничките студии. Тоа ќе биде тоа што ќе ја смени сликата во светот. Искрено верувам дека следната есен, следната Нова Година навистина нема да има потреба за мерки никаде во светот, дека нема да има рестиркции, дека вакцината значајно ќе го подигне имунитетот и животот постепено ќе се врати во нормала, изјави министерот Венко Филипче.
Министерот посочи дека нашата земја аплицираше преку Ковакс ситемот, и во тој систем аплицираат над 15 земји во светот, сите наши соседни земји освен земјите членки на ЕУ, кои имаа можност да направат директни договори со двата најголеми производители Фајзер и Астра Зенека.
Сите вакцини кои што се развиваат во светот во овој момент се развиваат на сосем безбедни платформи.Тоа се платформи, дали се тоа RNK, педизвикувач итн.кои што се добро познати и на која што основа се развиваат сите други вакцини кои што се достапни за другите болести на морбили, HPV, изјави Филипче.
Тој посочи дека станува збор за еден сосем безбеден и веќе установен систем кој што компаниите многу добро го знаат и имаат експертиза и искуство.
Филипче, како дел од кампањата за вакцинирање на децата, лани во јануари во поликлиниката „Идадија“ ја вакцинираше внуката Илина и објави на социјалните мрежи. Потоа се крена голема прашина, а Филипче призна дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП. Внуката била вакцинира против ДиТеПер, а не со МРП вакцина.
Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести, напиша Филипче на „фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.