Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција упати посебна порака до верските заедници да престанат да прават групни обреди во црквите и џамиите.
Ако продолжат да ги кршат препораките, ќе побарам од Владата стриктно да ги забрани верските собирања, порача Филипче.
Препораките за рестрикции и однесување во време на епидемија од коронавирус, важат за сите без исклучок. Тој рече дека во овие вонредни околности, важно е луѓето да сфатат дека не смеат да се собираат и да ги прекршуваат правилата што ги носи Владата како вонредни мерки, рече Филипче.
Тој апелираше до сите граѓани погребите да се прават во најтесниот круг на семејствата во периодов на ширење на коронавирусот.
Ја разбирам емотивната состојба во случаи на погреби, ама може овој период погребите да се прават во најтесното семејство. Нека останат тие собирања за понатаму. Ако продолжат и верските собирања, јас ќе побарам од Владата соодветен начин стриктно да се забранат“, рече министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.