Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека ќе го вакцинира синот за да даде пример дека вакцините против коронавирус се безбедни за децата откако вчера најави дека од понеделник и децата над 12 години ќе може да се вакцинираат против корона со вакцината на „Фајзер“.
На новинарско прашање дали како пример ќе ги вакцинираат своите деца тој одговори: Да, се разбира.
Тоа е единствен начин за да стигнеме до соодветен процент на колективен имунитет. Има некои земји кои го воведуваат тоа вакцинирање како задолжително, односно нема да ги примаат децата во училиштата ако не се вакцинирани. Тоа е некаде политика во западноевропски земји. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината и ќе се користи вакцината на „Фајзер“. Директно ви одговарам, јас тоа ќе го направам, рече Филипче чиј син има над 12 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.