Министерот за здравство Венко Филипче вели дека бројот на прегледи во амбулантите е намален и повеќе денови по ред нема притисок врз здравствените капацитети.
Тој во гостувањето на „Утрински брифинг“ рече дека нема наплив на пациенти ниту во амбулантите. Испитувањата на здравствените власти засега не покажале дека во Македонија е присуден индискиот сој на коронавирусот.
Ќе почекаме да видиме каков став ќе имаат членовите на Комисијата за заразни болести, но јас лично сметам дека ситуацијата е прилично мирна и нема знак дека може да има влошување. Не само по бројот на позитивни случаи туку и бројот на прегледи како и по приемите во болниците. На Инфективната клиника не се јавуваат пацинети за преглед што значи дека нема наплив, ја следиме ситуацијата и во регионот и земјите каде летуваат нашите граѓани. Сметам дека летово не требе да се вовдеуваат никакви рестрикции како за влез и излез од земјава или забрана за настани и собири, вели Филипче во Утрински Брифинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.