Венко Филиче, министерот за здравство на вечерашната прес-конфренциијата ја објасни ситуацијата околу првата жртва на коронавирус во Македонија. Станува збор за 57-годишна жена од Куманово.
Според податоците од болницата во Куманово и од Институтот за јавно здравје таа дошла на 16 март на прв преглед, со температура, но без сува кашлица, без други симптоми. Не патувала во странство и немала други контакти со заболени. Следниот ден дошла пак со температура, заедно со синот, кој исто бил болен.
На 17 и 18 март повторно дошле, биле под терапија, со покачена температура, а без кашлица. Според Филипче, на 19 март жената имала потежок наод на белите дробови. Била направена рентген снимка и била констатирана пневмонија и двајцата се сместени во одделот за изолација. Кај двајцата биле земени брисеви за коронавирус, кој бил негативен. На 20-ти се повторува тестот на мајката, според препораките од СЗО ако има симптоми.
Состојбата кај пацентката се влошила на 21 март, имало обид за реанимација, но без успех. Компликацијата настанала нагло, што е нетипично за друга болест, па посмртно е земен повторно материјал за анализа и тестот бил позитивен на коронавирусот.
Тестот никаде во светот не е сто процентно сензитивен – рече Филипче.
Филипче објасни дека биле преиспитани материјалите од првите анализи и било потврдено дека се негативни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.