Висок процент од новозаразените со ковид-19 во Македонија се невакцинирани, но има и вакцинирани, но со многу слаби симптоми. Пет нови случаи на заразени со делта сој се детектирани последнава недела во три града во Македонија – три во Скопје и по еден во Куманово и во Тетово, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

За сите соеви и мутации на вирусот вакцината е единствениот спас и мора да се свесни граѓаните дека тоа е начинот на кој ние можеме да ставиме крај на пандемијата, рече Филипче.

Во земјата досега се вакцинирани 450 илјади граѓани, а најголем опфат има во големите градови, како Скопје со 30%. Над преку 85% од здравствените работници се вакцинирани и околу 54% од вработените во градинките и училиштата.

Според министерот, вакцини има доволно, но потребна е имунизација на 80% од населението, за да се спречи ширење на вирусот. Од вчера почна и вакцинацијата на децаод 12 до 17 години и досега се имунизирани 500 адолесценти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.