Неколку пати потенциравме дека има важечка законска регулатива. Точно е дека во делот на законот за основно образование има некои контрадикторности, но нема да дозволиме ниту едно дете да биде запишано ниту во училиште, ниту во градинка невакцинирано, заради тоа што не може волјата на родителот да биде посилна од правото на детето да биде здраво, а при тоа не може со една индивидуална постапка да се загрозува и колективното здравје кое е над се“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

На овој начин не се крати никакво право, заради тоа што најбитно е здравјето на детето и колективното здравје“, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за граѓанска иницијатива за донесување закон за изменување на Законот за заштита на населението од заразни болести на 129 граѓани, што денеска не беше разгледана на седницата на собраниската Комисија за политички систем, бидејќи поради немање кворум таа беше одложена и ќе биде закажана, како што беше истакнато, најверојатно на 6 мај или 7 мај по завршувањето на вториот круг од изборите.

 

За една недела во Македонија регистрирани се уште 109 случаи со мали сипаници. Според анализите на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од декември лани, кога почна епидемијата во Скопје, заболеле 767 лица од морбили. Само во Скопје епидемиолошки поврзани и пријавени се 575 случаи.

Од Институтот исто така информираат дека од новите случаи 49 се од Скопје, при што околу 90 отсто се непотполно или воопшто невакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Како што велат ИЈЗ според постојано живеалиште, заболени од морбили се пријавени во 20 градови во Македонија.

Од нив 521 случај се од Скопје, 63 од Тетово, 61 од Куманово, 27 од Струга, по 18 заболени се од Гевгелија и Дебар, 15 од Гостивар, 12 од Велес, 11 од Кичево, и по 4 од Кочани и Штип- велат од ИЈЗ.

Највисока инциденца на мали сипаници на 100.000 жители се регистрира во Струга. Во останатите градови во Македонија се регистрираат спорадични случаи.

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.