Министерот за здравство на својот фејсбук профил се заблагодари на колегите кои неуморно работат.
Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите – со тоа го штитите вашето, но и нивното здравје.
Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност.
Им благодарам на сите колеги кои го вложуваат целиот труд.
Им благодарам на сите граѓани кои доследно ги почитуваат препораките и мерките.
Издржете, ќе ја пребродиме оваа криза и ќе излеземе посилни, напиша Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.