Здравствените власти будно ги следат забелешките на другите земји за вакцината на „АстраЗенека“, која државава треба да ја добие преку Ковакс механизмот, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Внимателно ги следиме забелешките од другите земји. Будно следиме, препораките од самите производители и одлуките во одредени земји. Врз основа на тоа ги градиме нашите препораки, нагласи Филипче при гостување во емисијата Топ Тема на Телма.
Тој додаде дека лично нема проблем да се вакцинира со која било вакцина, бидејќи како што нагласи сите се безбедни.
Немам проблем да се вакцинирам со која било вакцина. Сите вакцини се безбедни. Лично немам проблем да се вакцинирам и со вакцината на „АстраЗенека“, изјави Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.