Општина Прилеп нема да биде ставена во карантин. Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека по анализата на епидемиолошката состојба било заклучено дека мерките што во моментот се во сила се ефикасни, но граѓаните мора да ги почитуваат. Според него, ефикасноста на мерките се покажува преку сличниот број на случаи изминатите неколку денови. Сепак, тој апелираше до граѓаните да го почитуваат истото што е можно повеќе и за време на новогодишните празници и да избегнуваат семејни дружења. Тој ги осуди собирите во трговските центри поради „црниот петок“.
-Ги гледав снимките од црн петок во моловите и воопшто не ги оправдувам. Мора да сме свесни дека ова е период кога ситетреба да се стрпиме. Секој од нас ги смени своите навики во смисол на функционирање, ќе има можност понатаму за се. Сега мора да сме трпеливи, да ги почитуваме мерките. Има мерки насекаде низ Европа, низ светот и таму каде што се почитуваат има резултати. Во таа смила е забрането групирањето, осудувам било какви прекршувања на овие мерки – посочи Филипче
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.