Министерот за здравство Венко Филипче денеска во 16 часот одржа прес-конференција за состојбата со коронавирусот во земјата. Тој кажа дека има нов сомнителен случај на клиниката за Инфективни болести кој се тестира и за кого подоцна ќе известат за резултатите. Тој објасни дека другите лице кои патувале со заболената патничка во комбето ке останата во домашна излација, бидејки истите немаат симптоми.

Засега ќе останат во домашна изолација вкупно 12 лица, девет луѓе се патници во комбето, една од патниците е пациентката на клиника, значи имаме уште четворица луѓе со кои што овие осум имале контакти. Сите се членови на семејствата и тие се излирани. Меѓу нив има и две деца од четири години. Тест не се прави бидејки тој во овој момент ќе биде негативен. Минималната инкубација е околу пет дена. Нив ги чува полиција, не смееат да контактираат со други луѓе и да го напуштат домот 14 дена. Со храна ќе ги снабдува Црвениот крст. Ако има се појават симтоми ќе бидат однесени на Инфективна клиника, засега тие немаат никакви симптоми и се здрави, рече Филпче.

 

Минисетрот беше запрашан и дали кривично ќе одговара заболената жена која претходно имаше дадено погрешни информации на граница.

Засега се фокусирани за здравствениот дел и многу е важно таа да се излечи и министетството да одговори спремно на состојбата со коронавирусот, истакна тој.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.