Министерот за здравство, Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите кој ќе се одржува секој ден заради опасноста од коронавирусот информираше дека денеска имало три сомнителни случаи.
Два од случаите се негативни, додека за третиот резултатите ќе бидат готови за околу половина час, рече Филипче.
Тој рече дека станува збор за граѓани кои патувале во Италија.
За заштитните мерки, Филипче вели дека маско на отворен простор според начинот како се пренесува инфекцијата, не е начин граѓаните да се заштитат, а нивен недостатокот има насекаде низ регионот. За прекораките од владата да се воведе сапун во училиштата министерот рече дека од понеделник ќе биде почната диструбуцијата.
Засега нема потреба од одложување на јавни манифестации, но будно ја следиме ситуацијата, одговори Филипче на прашањето дали има потреба од одложување на јавни настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.