Денеска во Македонија пристигна донација од 100.000 вакцини на производителот „Астра Зенека“ од Грција.

Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата Зоран Заев. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на „Фејсбук“.

Филипче упати голема благодарност до грчкиот народ, владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во Македонија, Русос Кундурос.

Вакцините веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно стратегијата за вакцинација.

Вакцинацијата забрзува и од понеделник сите граѓани ќе може без закажан термин да се вакцинираат, напиша Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.