На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници кои се во првите борбени редови против коронависусот. Тие несебично се грижат за сите нас и се борат за секој живот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој им порачува на здравствените работници да бидат особенo внимателни на работните места.

Граѓаните секогаш да носат заштитна опрема, да имаат навремена и искрена комуникација со своите лекари. Безбедната и здрава средина е важна за секое работно место. Во услови кога светот се бори со коронавирусот е повеќе очигледно дека мерките за безбедност можат да спасат многу животи. Апелирам уште еднаш до сите работодавачи и работници целосно да ги спроведуваат протоколите за безбедност, посочува Филипче.

 

На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници. Тие…

Posted by Венко Филипче on Tuesday, April 28, 2020

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.