Министерот за здравство Венко Филипче апелираше да се почитуваат мерките кои штитат од коронавирусот и при секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита.

Да држиме растојание од два метри во затворени и отворени јавни простори, никогаш да не се групираме повеќе од две лица, задолжително да носиме маска, марама, шал во затворени простори, заштитна опрема се носи и надвор тогаш кога не можеме да ја одржиме потребната дистанца од два метри растојание, напиша Филипче на својот Фејсбук профил



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.