На новинарско прашање за најавениот протест против полицискиот час, кој е закажан за во недела, министерот за здравство Венко Филипче рече дека би сакал да се види со организаторите.

Во однос на протестот сакам да кажам две работи. Искрено се надевам дека се граѓаните свесни дека овие рестриктивни мерки, оној целосно затворен викенд за Велигден, сериозно долгиот полициски час неколку недели, после тоа соодветното димензионирање на полицискиот час во викендите што следеа, практично нѐ донесоа до тоа да имаме многу малку пациенти. И знам дека е тешко и им благодарам на граѓаните и им честитам што издржаа, заради тоа што тоа беше вистинска инвестиција во сопственото и во колективното здравје. Засега не размислуваме да го скратиме (полицискиот час) заради тоа што сметаме дека сѐ уште една таква мерка ни треба. Сега кога веќе спласнува сѐ, треба да се издржи само уште малку, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.