Нови осуммина починати и уште 199 нови случаи на Ковид-19 е билансот од битката со коронавирусот во Македонија во последното деноноќие, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Четири пациенти од Тетово, двајца од Струга и по еден од Скопје и од Штип се најновите жртви, со што бројот на починати од почетокот на епидемијата во земјава се искачи на 376.

Со новозаразените, пак, од кои 90 во Скопје, 24 во Свети Николе, 17 во Куманово, по 12 во Тетово и во Струга итн., вкупниот број на Ковид дијагностицирани во државава достигна 7.975.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 120 оздравени лица, со кои досегашниот број е 4.080, а тој на активни случаи е 3.519.

Министре Филипче, нит одговоривте зрело, нит навремено, нит ефикасно!

За еден месец имаме прeку 5000 новозаболени од ковид-19, само вчера имаме нови 205 позитивни на ковид-19, а Венко Филипче си брка пропаганда за избори! Министре, нит одговоривте зрело, нит навремено, нит ефикасно!

Gepostet von Здравство – Македонија / Zdravstvo Makedonija am Samstag, 11. Juli 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.