Млечни производи, зеленчук, овошје, мед, кафе, зачини, житарки и козметика, се само дел од производите што ќе бидат изложени на Фестивалот на органска храна што ќе се одржува денеска и утре на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Посетителите ќе имаат можност да пробаат и занаетчиско (крафт) пиво. Целта на Фестивалот, кој предвидува и неколку работилници, е да го промовира користењето на органските производи во секојдневната исхрана. Учесници ќе бидат преку 20 изложувачи од земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.