Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи рекол дека има причина за загриженост во врска со влијанијата на некои мутации на короанвирусот на вакцината, но дека научниците имаат многу опции за прилагодување за да се обезбеди ефикасноста на вакцината и лековите, пренесува “AP”.
Фаучи истакнал дека посебни причини за загриженост постојат кога станува збор за мутираниот сој на коронавирусот кој е прво откриен во Јужна Африка, бидејќи лабораториските испитувања покажуваат дека може ја намали заштитната моќ на досега одобрените вакцини.
Тој, меѓутоа, додал дека нивното ниво на заштита и натаму би било во задоволителен обем.
Епидемиологот рекол дека моментално во тек се испитувања за ефикасноста на една вакцина против сојот откриен во Јужна Африка, како и на сојот кој се појавил во Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.