Компанијата Фајзер денеска соопшти дека засилувачката доза на нејзината анти-ковид вакцина може да заштити од Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, иако првите две дози се чини дека се значително помалку ефикасни.
Фајзер и неговиот партнер Бионтек соопштија дека лабораториските тестови покажуваат дека бустер дозата ги зголемува таканаречените неутрализирачки антитела против Омикрон за 25 пати.
Фајзер објави прелиминарни лабораториски податоци во соопштение за печат, но тие сè уште не поминале научен тест.
Компаниите веќе работат на правење вакцина против Омикрон во случај да има потреба.
Научниците шпекулираат дека високиот скок на антителата што се појавуваат со третата доза на анти-ковид вакцини може да биде доволен за да се спротивстави на секакво намалување на ефективноста на вакцините.
Нивото на антитела покажува колку добро вакцината може да спречи инфекција со коронавирус, но тие претставуваат само еден слој од одбраната на имунолошкиот систем. Фајзер соопшти дека две дози вакцини сè уште можат да создадат заштита од тешка форма на болеста.
Иако две дози вакцина може да обезбедат заштита од тешка форма на болеста предизвикана од сојот Омикрон, од овие прелиминарни податоци е јасно дека заштитата е максимизирана со третата доза од нашата вакцина, рече извршниот директор на Фајзер Алберт Бурла во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.