Научниците од Институтот за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП), ги објавија првите резултати од студијата во чии рамки го проучувале нивото на антитела и стекнатиот имунитет на Ковид-19 кај вакцинираните граѓани на Србија.
Српски „Блиц“ ја објави анализата која покажува дека граѓаните на Србија најбрзо развиле имунитет со ковид-вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата вакцина, а имунитетот се постигнува нешто побавно со „Спутник“. На кинеската вакцина ѝ е потребно подолго време да создаде антитела, особено кај луѓето постари од 70 години и особено кај мажите.
Во резултатите се собрани примероци на вакцинирани граѓани почнувајќи од нулта денот, две недели по примената прва доза, две недели по примена втората доза на вакцината, а потоа во месечните интервали. Примероците се анализираат за присуство на антитела. Досега се анализирани над 10.000 примероци на вакцинирани лица со употреба на сите моментално достапни вакцини во Србија. Проучени се примероци на граѓани на возраст од 20 до 95 години.
Според Марија Гњатовиќ од ИНЕП, идејата била да се испита еден аспект на имунолошкиот одговор (антитела), со цел да се добие увид во кинетиката на создавањето заштита по имунизацијата, со употреба на вакцини засновани на различни технологии, од класичната до РНК-технологијата.
Врз основа на следењето на примерок кога станува збор за вакцината на „Фајзер“, повеќе од 85 отсто од вакцинираните развиваат специфичен одговор на антитела веќе две недели по првата доза. По примената втората доза, повеќе од 95 отсто од испитаниците имале мерливи вредности на антитела. Кога станува збор за разликата во создавањето на антитела во однос на возраста, истражувањето покажало дека нема значителна разлика во нивото на антитела. Антителата остануваат во циркулација неколку месеци по примањето на двете дози на вакцината без значителна тенденција на намалување на концентрацијата на антителата.
Вакцината „Спутник В“, исто така, дава добар серолошки (антитело) одговор кај сите возрасни групи. Кај повеќето вакцинирани лица, мерливите количини на антитела се појавуваат околу три недели по примената прва доза, додека процентот на вакцинирани лица со позитивен тест за антитела по примената втора доза е поголем од 92 отсто.
Вакцината произведена од „Синофарм“ нешто подоцна создава одговор во однос на вакцините од модерната технологија. Така, првите мерливи вредности на антитела се појавуваат најрано околу две недели и по примената втора доза на вакцината. Граѓаните до 65-годишна возраст во голема мера развиваат специфични антитела по примањето на вакцината на „Синофарм“ и процентот на серопозитивни во таа група на испитаници е поголем од 90 отсто. Нешто побрзо намалување на вредноста на концентрацијата на антитела во примероците од крвта на вакцинираните е забележано во однос на другите вакцини, меѓутоа, како што велат во ИНЕП, што не значи и дека се губи целокупната заштита.
Очекувано е дека производството на антитела е најинтензивно во моментот на присуството на вирусот, а дека потоа се очекува пад на концентрациите. Меѓутоа, направената анализа покажува дека во моментот кога ќе дојде до повторна изложеност на патогенот, доаѓа до брзо производство на високо специфичните антитела, неопходни за одбрана на организмот од инфекција.
Сепак, постои јасна разлика во одговорот на употребата на вакцината „Синофарм“ во различните возрасни групи. Забележан е значително послаб одговор на антитела кај лицата постари од 65 години, особено во групата постари од 70 години, и тоа кај машкиот пол, со честа појава на целосно отсуство на специфичните антитела во циркулацијата.
Инфекциите се можни, но ретки, поблаги и без смртни случаи.
Постои јасна разлика помеѓу вакцинираните и оние кои не ја примиле вакцината. И таа е пресудна. Грубо кажано, можат да се разболат и вакцинираните, но нивниот ковид е поблаг и нема смртен исход.
Според Гњатовиќ, забележано е дека инфекциите се можни по примената на сите видови вакцини, но значително поретко се јавуваат во однос на невакцинираната популација. Исто така, со мошне поблаги симптоми и без смртни исходи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.