Фармацевтската компанија „Фајзер“ денес објави дека започнала со тестирање на третата вакцина како дел од стратегијата за заштита од мутирани видови на коронавирус.

Здравствените власти велат дека првата генерација вакцини против ковид-19 сè уште штитат од варијантите што се појавија во различни делови на светот.

Сепак, производителите почнуваат да се подготвуваат во случај да се појават соеви на вирус кои се поотпорни на вакцини, според „Ројтерс“.

„Фајзер“ соопшти дека 144 волонтери ќе учествуваат во третото испитување на дозата, за да утврдат дали дополнителна доза, дадена шест до 12 месеци по првите две, ќе го зајакне имунитетот доволно за да се одбрани од мутираниот вирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.