Фајзер и Бионтех имаат намера да побараат овластување во наредните недели за да дадат трета доза од нивната вакцина против Ковид-19. Ова се наведува во соопштение на двете компании.

Целта е со трета доза на вакцина да се зголеми имунолошката заштита на веќе вакцинираните.

Според прелиминарните податоци од тестови, друга доза дадена 6 месеци по втората ги зголемува нивоата на антитела против оригиналниот вид на вирусот до 10 пати. Фајзер и Бионтех ќе обезбедат детални информации до Европската агенција за лекови и американската Администрација за храна и лекови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.