Европската агенција за лекови го одобри користењето на дексаметазон за лечење на пациентите заболени од ковид-19 кои имаат проблеми со дишењето, отворајќи го патот тој стероид да стане втор одобрен лек за лечење на ковид-19 во Европа по лекот ремдесивир, пренесува хрватски Индекс. ЕМА во петокот објави дека тој лек може да биде опција за лечење на возрасните и на адолесцентите на кои им треба терапија со кислород или респиратор, откако ги разгледала резултатите од испитувањата на британските научници. Испитувањата, под името „Рековери“, кои ги спровеле научниците од Оксфорд, покажало дека во јуни дексаметазонот ја намалил смртноста за третина кај тешко болните од ковид-19. Лекот во меѓувреме е одобрен во Јапонија за лечење од ковид-19

Лекот се користи повеќе децении, ефтин е и е лесно достапен. Често се користи за воспаленија. Фабриките сега може да побараат дозвола од својте национални регулатори или ЕМА за дополнително користење на лекотм наведува ЕМА.

ЕМА исто така наведува дека препорачаната доза за возрасни и за адолесценти, на возраст од 12 години и тежина од најмалку 40 килограми, е 6 милиграми на ден, 10 дена.

Европската комисија издава одобренија за лекови и притоа вообичаено ги следи препораките на ЕМА. Гилеадовиот антивирусен лек ремдесивир е првиот одобрен лек за ковид-19 во Европа, Одобрен е во јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.