Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, денеска во Охрид за потребите на пациентите од Охридскиот регион присуствуваа на предавањето на апаратот за магнетна резонанца што ќе функционира во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“.
Од почетокот на Ковид-19 пандемијата Европската унија даваше значајна поддршка на Македонија, особено во областа на здравството од опрема за лична заштита на медицински персонал и медицинска опрема до преку 800 илјади дози вакцини. Таа поддршка ќе продолжи и понатаму, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир.
Тој ја поздрави соработката со Министерството за здравство и изрази уверување дека оваа донација ќе направи значајна разлика во унапредувањето на здравствените услуги, поуспешна дијагностика, превенција и третман на пациентите од тој дел на земјата.
Министерот Филипче рече дека се работи за значаен проект, реализиран преку разбирањето за потребите од рана дијагностика во справувањето со ковидепидемијата.
Успеваме да добиеме три апарати за магнетна резонанца, освен во Охрид ќе се инстралираат и во Струмица и во Прилеп, како и апарати за компјутерска томографија во Кавадарци, Гевгелија, Куманово, Кичево и на Клиниката за пулмологија во Скопје. Тоа значи значајно олеснување на пристапот на пациентите до тој вид дијагностика, пацинтите од Охрид нема да мора да патуваат на сминање во Битола или Скопје, а освен тоа, високоспецијализираните установи како болницата „Свети Еразмо“ ќе може да биде дел од превентивни програми за рана детекција на други болески што не се директно поврзани со ковид, рече Филипче.
Холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп, од своја страна истакна дека оваа донација е дел од позначаен проект што го спроведува ЕУ и државите-членки за подобрување на севкупните состојби во земјата, од подобрени здравствени услуги до забрзана дијагностика.
Од пред 130 години браќата Филипс остварија компанија за производство на светилки. Од тогаш компанијата „Ројал Филипс“ развива високотехнолошки производи, меѓу кои и значајни апарати во областа на медицинска опрема. Оттаму и задоволството што државата Холандија е присутна тука на Балканот преку производите и медицинските иновации на Филипс, рече Јан Коп.
Студија што ЕУ ја спроведе во 2018 година покажува дека здравствениот систем во Македонија со осум апарати за магнетна резонанца на национално ниво претставува само 25 отсто од достапноста до таквите дијагностички апарати на ниво на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.