Холивудскиот глумец Ентони Хопкинс се вакцинираше против ковид-19, а тоа го документираше со видео што го објави на социјалните мрежи.

Заедно со снимката, тој во кус текст му се заблагодари на медицинскиот персонал и коментираше дека поминал една година во карантин, односно, не излегувал од дома.

Ова е светлото на крајот од тунелот (по една година самонаметнат карантин) – напиша Хопкинс, најпознат по улогата на сериски убиец Ханибал Лектор во „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Неодамна во јавноста тој призна дека 45 години е трезен, односно дека не консумира алкохол што е многу значајно за него бидејќи подолго време се борел со тој порок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.