Пристигнаа изненадувачки резултати од научниот експеримент во Шпанија заврши, каде ги пуштија луѓето да одат на концерт, за да се види колку од нив ќе се заразат од корона. Концертот се одржа во Барселона. Според податоците добиени по експериментот, се покажа дека шест лица се заразиле со коронавирус во рок од 14 дена. Според заклучокот не се најдени докази за зголемено ширење на инфекцијата кај луѓето кои учествувале во тој голем експеримент кој беше спроведен на крајот на месец март.
Според порталот Индекс, 5.000 луѓе учествувале во експериментот, откако добиле негативен резултат од корона тестот. Тие носеа маски, но не мораа да држат дистанца едни од други.
Од шесте лица кои се заразиле по концертот, научниците заклучиле дека четири од нив биле заразени на друго место, а не на самиот настан.
Борис Револо, вирусолог кој учествуваше во дизајнирање на безбедносните протоколи во арената Палау Сан Џорди, рече дека не може категорично да исклучи дека другите две лица биле заразени за време на концертот, но дека постои голема веројатност дека преносот на инфекцијата се има случено на друго место.
Тоа што другите научници го открија е дека стапката на инфекција кај учесниците на концертот е двојно помала од онаа на луѓето на иста возраст во Барселона.
Ништо не сугерира дека преносот на вирусот се случил за време на концертот, рече специјалистот за инфективни болести Жосеп Марија Либре на прес-конференција во вторникот.
Концертот беше еден од најголемите собири во Европа од почетокот на пандемијата, во време кога земјите ширум светот бараат нови начини за безбедно одржување јавни настани, за кои експертите досега тврдеа дека се сигурни места за зараза.
📽 Ja ha acabat el concert dels Love of Lesbian al Palau Sant Jordi de Barcelona, amb 5.000 persones
👉 https://t.co/PhN8HE2RVO pic.twitter.com/MqBxoNPehw— Catalunya Informació (@Catinformacio) March 27, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.