До 7 април се произведени и дистрибуирани 6.500 заштитни маски со визири за медицинските лица во Македонија финансиски поддржани со средства донирани од граѓани и фирми.

Екипата од иницијативата на чело со ортопедскиот хирург од Градската општа болница „8 Септември“ Александар Каревски, во која има доктори, дизајнери, професори во изминативе недели работи со полна пареа. Целата иницијатива започна со неколку 3-Д принтери, а потоа бројката се зголемуваше.

Процесот за снабдување на приватните здравствени установи се уште e во тек, но заради интензивниот труд на активистите од 3Д принт медицинска опрема, само на 7. април беа опслужени 100 установи во еден ден, паралелно со доставата на визири на: Здравствен Дом – Скопјe, Градска Општа Болница “8ми Септември”, УГАК, Психијатриска болница Скопје, Здравствен Дом – Железара.

Навивачката група „Комити“ донираа 600 хируршки маски и 40 заштитни скафандери, кои беа поделени на УГАК и Градска Општа Болница “8ми Септември”.

Поради зголемената употреба на Вералит (провиднот дел на визирот) и потешкотиите за негов увоз во државата, поради здравствената ситуација, со цел да се задоволат сите медицински работници, групата на активисти од „3Д принт медицинска опрема“ АПЕЛИРА до сите оние кои можат да ги снабдат со Вералит (проѕирен дел од визирот) да ни се обратат.

Доколку не успееме да набавиме Вералит акцијата за донација на визири ќе мора значително да го намали темпото на опслужување на работниците, бидејќи ги трошиме последните залихи, велат од Иницијативата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.