Преку итна неповратна помош, Јапонија одлучи да обезбеди лекови, Фавипиравир (Авиган) за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС (Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации). Република Македонија од Јапонија доби „Авиган“ за 100 лица, соопштија од Јапонската амбасада во Скопје.
За да се избегне ширењето на КОВИД-19, од голема важност е да се развие лек за вирусот. Ефективноста на „Авиган“ сѐ уште не е потврдена, но многу земји, вклучувајќи ја и Република Македонија покажаа интерес за овој лек посочуваат од Амбасадата и додаваат дека Јапонија сака да го прошири клиничкото истражување за „Авиган“ заедно со Република Македонија и други земји.
Се претпоставува дека „Авиган“ има контраиндикации за деформации и затоа здравствените институции треба соодветно да го препишат и користат, стои во соопштението од Јапонската амбасада
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.