Едногодишното дете кое почина од ковид-19 е од Домот за деца без родители во Битола и имало повеќе хронични заболувања, соопштитја од Министерството за здравство.

Во денешната ковид-статистика, Институтот за јавно здравје информира дека е пријавено дете на една годишна возраст починато на 29 ноември 2021.

Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола.

Детето повеќепати било хоспитализирано на Клиниката за детски болести поради компликации во склоп на основните заболувања: остеохондродисплазија, епилепсија, хидроцефалус, малнутриција, дилатациона кардиомиопатија. До денот на последната хоспитализација, детето е хоспитализирано во Клиничка болница Битола каде поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021 кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на Ковид 19, е упатено во ИБЗД Козле. По аплицирана терапија и не можност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64%, а во претходен договор, од ИБЗД Козле детето се префрла на Клиника за детски болести како институција од терцијарен карактер, за понатамошен третман и соодветно лекување. Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единица ургентен центар кое од денот на прием е на механичка вентилација, се одвива од 24.11.2021 до 29.11.2021 година, кога и покрај сите преземени дејствија за лекување и реанимација, завршува летално, соопштија од МЗ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.