Дванаесет месечно дете од Чаир со морбили вчера било хоспитализирано на Инфективната клиника.
Од Институтот за јавно здравје соопштуваат дека од почетокот на епидемијата во Скопје регистрирани се 66 заболени од мали сипаници.
Според возраста најголем број се деца до 4 години, кои не биле вакцинирани. Највозрасниот пациент е на 42 годишна возраст, родител на едно од децата, а најмалиот е 8 месечно бебе. По општини најмногу заболени има во Аеродром и Бутел. Случаи со морбили регистрирани се речиси во сите скопски општини.
На Инфективната клиника биле лекувани 42 лица, а во моментот на болничко лекување се 30-тина пациенти кои не се животна опасност.
Од Министерството за здравство информираа дека од почетокот на вонредната имунизација до денес вакцинирани се 3350 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.