Во првите шест месеци откако прележале Ковид-19 кај едно од осум лица прв пат се дијагностицира некој психијатриски или невролошки проблем, како мозочен удар, акутно крварење во главата или мозокот, деменција…

Анализата која ја предводел Макс Такет од одделението за психијатрија на Универзитетот Оксфорд утврди дека кај еден од осум пациенти кој прележал Ковид-19 во првите шест месеци по оздравувањето прв пат се дијагностицира психијатриско или невролошко заболување.

Студијата, на која ѝ претстои колегијална проверка, една е во низата докази дека психолошкиот стрес кој доаѓа со Ковид-19 не може да се игнорира.

Освен тоа, резултатот бил уште полош (еден од три пациенти) кога истражувачите ги вклучиле и пациентите со историја на психијатриски или невролошки заболувања.

Британските стручњаци користеле здравствени картони да оценат 236.379 хоспитализирани и нехопитализирани пациенти во САД, кај кои е потврдена дијагнозата за корона вирус и ги споредиле со група пациенти на кои им е дијагностициран грип или друго репсираторно заболување меѓу 20 јануари и 13 декември 2019 година.

Во анализата, која ги зела во обзир познатите фактор ризици – возраст, пол, раса, постоечките физички и ментални состојби и социо-економската положба, утврдено е дека инциденцата на невролошките и психијатриски заболувања по Ковид-19 е дури 33,6 отсто. Од тоа, 13 отсто од испитаниците немале никаква историја на такви заболувања.

Заболувањата кои ги погодуваат излечените пациенти најчесто се мозочен удар, акутно крварење во главата или мозок, деменција и психијатриски нарушувања.

Најновата студија ги поддржува пдатоците на пораните истражувања, кои покажаа дека кај еден од пет пациенти оздравени од Ковид-19, во првите три месеци му се дијагностицира некое психичко нарушување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.