Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврдил прекршување кај дежурниот здравствен работник во случајот со починатата стружанка од коронавирус, соопшти директорката на инспекторатот, Иринка Сотирова.
Во тек на вчерашниот ден Државниот инспекторат почна вонреден инспекциски надзор. Инспекцискиот надзор сè уште трае, но од тоа што можам да го кажам досега е дека е утврдено прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита, се однесува на здравствен работник кој бил дежурен. Точно е и дека матичниот има издадено упат, рече Сотирова.
66-годишната стружанка е четвртата жртва на коронавирусот во земјава која почина чекајќи ги резултатите од тестот. За нејзината смрт викендов информираше Министерството за здравство кое најави ревизија на целиот случај.
Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден. Поради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница, информираат од Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.