Државниот инспекторат нема издадено ниту едно решение за контакт со позитивен ученик, објави „Телма“.
По информациите кои се појавија во одредени медиуми за позитивни ученици во училишта низ Македонија, здравствените институции велат дека сѐ уште работат на епидемиолошки анкети и податоци за евентуално позитивни ученици и нивни контакти ќе се знаат денеска.
На први септември, по пауза од година и пол, почна наставата со физичко присуство и во основните и во средните училишта, освен во Тетово и Гостивар, каде првите две недели средношколците ќе учат онлајн.
Министерството за образование подготви три сценарија за оваа учебна година, кои ќе зависат од епидемиолошката состојба. Освен настава со физичко присуство, вториот модел е комбинирана настава, и третиот онлајн настава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.