Корона-кризата особено го погоди Мексико, а лошата исхрана и безалкохолните пијалоци очигледно се делумно одговорни за ова. Повеќе од 76.000 луѓе веќе починаа од и со Ковид-19, со што Мексико е на четвртото место во светот по смртност од корона по САД, Бразил и Индија.

Светската здравствена организација предупредува дека заразата од Ковид-19 е се поприсутна во земјата, а дебелината и дијабетисот се сметаат за фактори на ризик.

Речиси две третини од возрасните Мексиканци имаат прекумерна тежина, околу 13 проценти имаат дијабетес. Дијабетесот беше фатален дури и пред пандемијата: Според статистичката агенција Инеги, дијабетес  бил една од трите најчести причини за смрт во 2018 година. Повеќе од 100 000 луѓе починале како резултат на дијабетес, пишува Шпигел.

Некои од мексичките држави сега се обидуваат да преземат драстични чекори за борба против кризата со дијабетес. Државите Оахака и Табаско неодамна забранија продажба на зашеќерени безалкохолни пијалоци и калорична брза храна на деца и млади на возраст под 18 години.

Бизнисите кои што не се придржуваат до ова може да бидат казнети, дури и со затвор. Но, реформата доаѓа предоцна, барем за кризата со корона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.