Две и полгодишно дете починало во понеделникот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести од компликации по бактериска инфекција, соопшти денеска Клиниката.

Женското дете било примено во понеделник попладне на Клиниката за детски болести со знаци за сериозна бактериска инфекција.

Претходно, детето било релативно здраво, со респираторен инфект било третирано една недела од матичен лекар. Дента поради влошување на состојбата детето е донесено на Клиниката и било примено на одделот за интензивна нега, каде било поставено на респиратор. Но, и покрај сите преземени тераписки процедури по престој од 12 часа детето починало, соопштија од Клиниката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.