Двегодишно дете од Скопје заболело од маларија, заразна болест што ја пренесуваат комарци. Болеста, пренесува Сител, ја добило за време на престојот во Кенија, а симптомите му се појавиле уште додека со родителите било таму.
Детето од минатата недела е на болничко лекување и неговата моментална состојба е добра и веќе нема паразити во организмот.
Од скопскиот Центар за јавно здравје направиле комплетна епидемиолошка анкета, а пациентот ќе го следат во наредните две години. Лекарите не се сеќаваат изминатите две децениции да имале случај, толку мало дете да заболи од маларија.
Проверивме се, каде било, со кого и ќе биде следено во наредната година до две, што значи во тој период родителите ќе мора да го носат на преглед кога ќе ги побараме. Тој надзор треба бидејќи може да јави рецидив…од маларија не се стекнува комплетен имунитет и после заболување, вели примариус д-р Билјана Даниловска, раководител на епидемиологија во ЦЈЗ Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.