Министерот за здравство , Венко Филипче на прес конференција ги соопштува најновите информации за состојбата со коронавирусот во земјава.

Во последните 24 часа на територијата на Македонија се регистрирани нови 48 нови случаи и двајца починати од Ковид-19.

Со ова вкупниот број на заболени во Македонија достигнува 711 лица, а пикот на заразата се очекува на крајот на овој месец.

На Инфективна клиника има 66 болни, а 8 се на респиратор, додека во болницата 8-Септември има 6- мина на респиратор со потешка слика, соопшти министерот Филипче.

Направени се 496, рекорден број на тестови , 48 се позитивни, истакна тој.

Три лица оздравеа од вирусот Ковид-19 и се испишани од Инфективната клиника, информираше министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека таму се примени двајца нови пациенти.

Во моментот хоспитализирани се вкупно 66 пациенти.

 Осум се на механичка вентилација со тешка форма на болеста. Во болницата „8 Септември“ има хоспитализирано 21 пациент од кои што шест се на респираторна машина. Во болницата во Битола хоспитализирани се тројца пациенти и тие имаат лесна форма на болеста, се следат пациентите кои се на домашно лекување, рече Филипче.

Во штипската болница, пак, примени четири нови пациенти, со што вкупниот број е осум. Сите имаат лесна форма на болеста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.