Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ денеска на бирифинг со новинарите истакна дека кај нив се хоспитализирани 74 лица и дека се приближуваат до пополнување на капацитетите. Мобилната болница, додаде, ќе ни помогне во дополнување на потребите од хоспитализација и веќе се во функција тимови од колеги интернисти кои ќе бидат од голема помош и тие од утре почнуваат.

Денеска, како што кажа, се примени нови шест лица од кои еден на жалост почина неколку часа по приемот. Вчера е примено две годишно дете, кое е стабилно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.