Во месечниот извештај на ИЈЗ се евидентирани три случаи на западнонилска треска во Македонија, кои резултирале со воспаление на мозокот. Се работи за две деца и едно повозрасно лице.
Овие податоци се објавени во извештајот кој се однесува на месец август.
Според извештајот, вирусот на западнонилска треска бил лабораториски детектиран кај 8-годишно девојче од Струмица, 11-годишно момче од струшко и 69-годишен маж од Стајковци.
Сите биле на болничко лекување поради воспаление на мозокот.
Западнонилска треска се пренесува со убод од комарец, а кај мал дел од заразените се манифестира со тешки невролошки симптоми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.