Двајца вработени во Стоматолошката комора се позитивни на коронавирус, а за уште двајца се чекаат резултатите од тестот. Откако вработен во администрацијата имал симптоми и потоа тестот покажал дека е позитивен, биле земени брисеви на сите кои биле во контакт со вработениот во Комората.
Еден случај е потврден, за двајца други меѓу кои и претседателот на комората се очекуваат резултати денеска или утре.
Поради настанатата ситуација со добиени резултати за позитивни на корона вирус кај вработен/и во Стручната служба на Комората,како и кај член/ови на органи и тела на Комората и во очекување на резултати на тестирања на останатите вработени кои беа на работните места последниве 10-ина дена,Ве известуваме дека сите активности на Комората, до следно известување, ќе се одвиваат телефонски или по емаил“ се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.