На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка, соопшти Министерството за здравство.
Во денешната евиденција на институтот на починати од Ковид-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија.
Во последните 24 часа се направени рекордни 728 теста за Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа, потврден е 41 нов случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.