Медицинска сестра од Инфективното одделение од Клиничката болница од Штип е позитивна на ковид 19, како и еден вработен на Физикалното одделние, поради што шестмина вработени, од кои двајца доктори, три сестри и еден лаборант од Инфективното одделение, се во изолација, објави ММС.

Без разлика што имаме еден вработен на Инфективното одделение, не можеме да кажеме дека инфекцијата ја добил на работа, изјавил директорот на Клиничката болница од Штип, Ален Ѓеоргијев.

На Инфективното одделние се лекуваат 24 пацинети, 22 од Штип и двајца од Кочани. Синоќа еден пацинет, кој беше на кислородна поддршка е префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.