Дваесет и двегодишниот пациент, кој во вчера беше регистриран како најмладиот пациент што починал од ковид за тоа деноноќие, најверојатно, се заразил на свадбена веселба, пишува „360 степени“.

Пациентот не бил вакциниран и немал хронични заболувања, но во исклучително тешка состојба е примен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, велат од Министерството за здравство за „360 степени“.

Пред да побара болничко лекување, четири дена бил со висока температура. Во епидемиолошката анкета стои дека 10 дена пред лекарскиот преглед бил на свадба, велат од Министерството за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.