Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека по добиенеите информации за наводно непочитување на Законот за заштита од пушењето во ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија извршен е инспекциски надзор во однос на примената на Законот за заштита од пушењето.
При надзорот не се констатирани недостатоци по однос на обврските кои здравствената установа ги има, а произлегуваат од овој закон (истакнување на видно место на знаци за забрането пушење во сите простории на објектот како и почитувањето на одредбите од законот од страна на сите вработени за забрана за пушење во здравстената установа).
Истовремено ДСЗИ информира дека доколку било кој граѓанин забележи непочитување на Законот за заштита од пушењето, до овој орган може да достави доказен материјал врз основа на кој од страна на ДСЗИ ќе биде спроведена соодветна инспекциска постапка. Напоменуваме дека во изминатиот перидот од страна на ДСЗИ беше спроведена постапка за порамнување на здравствен работник кој не го почитувал законот, а врз основа на соодветен доказен материјал доставен во претставка од граѓанин, информираат од ДСЗИ.
Инаку во последно тромсечие од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршени се вкупно 543 инспекциски надзори во јавни и приватни здравствени установи по однос на прописите во областа на здравството вклучувајќи ја примената на Законот за заштита од пушењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.